Пакдемирли: Турција е лидер во Европа и меѓу првите 10 во светот во земјоделското производство

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли истакна дека Турција е лидер во Европа и меѓу првите 10 во светот во земјоделското производство и остварува извоз на 2.090 различни видови земјоделски и прехранбени производи во 206 земји во светот

1738686
Пакдемирли: Турција е лидер во Европа и меѓу првите 10 во светот во земјоделското производство

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли испрати видео порака до Економскиот самит Улудаг во Бурса во која истакна дека Турција е лидер во Европа и меѓу првите 10 во светот во земјоделското производство и дека достигна до ниво на земја која остварува извоз на 2.090 различни видови земјоделски и прехранбени производи во 206 земји насекаде низ светот.

Потсетувајќи дека благодарение на преземените мерки во процесот на на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) граѓаните не беа соочени со никакви проблеми во снабдувањето со храна, Пакдемирли истакна дека во овој процес во светското земјоделство постепено се појавија на преден план националистичките и протекционистичките приоди.

Привлече внимание дека во светот заедно со прекумерната побарувачка на храна, логистичките проблеми, проблемите со работната сила и високите трошоци за енергија се доживува рекорден раст во инпутите во процесот на производството и цените на храната, а воедно појасни дека почнаа да се чувствуваат во сериозни димнзии и ефектите на глобалното затоплување и климатските промени.

Министерот за за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли истакна дека во Турција пак земјоделското производство со раст од 78 отсто во последните 3 години  во 2020 година достигна до 337 милијарди турски лири (приближно 27,9 милијарди долари) со што е соборен рекорд.

„Турција е лидер во Европа и меѓу првите 10 во светот во земјоделското производство. Во последните 3 години остваривме извоз на земјоделски и прехранбени производи во вкупен износ од 60 милијарди долари, имаме надворешен трговски суфицит од 15,4 милијарди долари.Турција достигна до ниво на земја која остварува извоз на 2.090 различни видови земјоделски и прехранбени производи во 206 земји.“ - рече Пакдемирли.

 



Слични вести