Турција во периодот 1 септември-20 ноември 2021 од извозот на риба хамси заработи 3,3 милиони долари

Од почетокот на риболовната сезона 2021-2022 е остварен извоз на 690 тони риба хамси и од овој извоз се заработени приходи во износ од 3 милиони 338 илјади долари

1738198
Турција во периодот 1 септември-20 ноември 2021 од извозот на риба хамси заработи 3,3 милиони долари

Од Турција во периодот од 1 септември до 20 ноември 2021 година е остварен извоз на риба хамси во 19 земји  во светот во износ од 3 милиони 338 илјади долари.

Според сумираните пдоатови од Унијата на извозниците од источноцрноморската област (ДКИБ), од почетокот на риболовната сезона 2021-2022 е остварен извоз на 690 тони риба хамси и од овој извоз се заработени приходи во износ од 3 милиони 338 илјади долари.

Турција во наведениот период им продаде риба хамси на 19 земји, а на првите три места се наоѓаат Франција, Германија и Белгија.

Во Франција е остварен извоз на 157,5 тони риба хамси и се заработени 960.721 долари.

Извозот во Франција на количинска база се зголеми за 11 отсто, а на вредносна база за 21 отсто.

Во Германија е остварен извоз во износ од 719.752 долари, а во Белгија од 674.182 долари.

Од друга страна, различно од периодот 1 септември-20 ноември претходната година оваа година е остварен извоз на риба хамси и во земји како што се Шпанија, Велика Британија, Португалија, Либан, Катар и Ирак.



Слични вести