Економските односи помеѓу Турција и Обединетите Арапски Емирати можност за нови партнерства

Според веста на официјалната новинска агенција на Обединетите Арапски Емирати „WAM“, министерот за економија на ОАЕ Абдулах бин Тук ел-Мари по состанокот на мешовитата економска комисија помеѓу Турција и ОАЕ се состана со министерот за трговија Мехмет Муш

1737830
Економските односи помеѓу Турција и Обединетите Арапски Емирати можност за нови партнерства
Ticaret Bakanı Mehmet Muş Türkiye Birleşik Arap Emirlikleri KEK.jpg

Принцот престолонаследник на Абу Даби Мухамед бин Зајид Ал Нахјан на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска ќе допатува во официјална посета на Турција.

Според веста на официјалната новинаска агенција на Обединетите Арапски Емирати „WAM“, министерот за економија на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Абдулах бин Тук Ал Мари по состанокот на Мешовитата економска комисија помеѓу Турција и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се состана со министерот за трговија Мехмет Муш.

Министерот за економија на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Абдулах бин Тук еАл Мари истакна дека економските односи помеѓу неговата змеја и Турција продолжуваат да зајакнуваат и дека постојат и се пружаат големи можности за склучување на нови партнерства во различни сфери.

Министерот Мари рече дека постојат големи можности за воспоставување на силни партнерства во различни сфери и сектори на полето на економијата и особено во трговијата и инвестирањето.

Тој истакна дека Турција и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се меѓусебно поврзани со силни партнерства во речиси сите сфери и го рече следното: „И денеска започнуваме еден нов период во одржливото економско партнерство помеѓу двете земји.“

Освен тоа во веста на официјалната новинаска агенција на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) „WAM“ се вели дека  и покрај епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) обемот на трговската размена помеѓу двете земји во 2020 година во споредба со претходната 2019 година се зголеми за 21 отсто, а исто така во споредба со истиот период од претходната година се зголеми за 100 отсто и во првата половина на 2021 година.

Според веста на „WAM“, на состанокот на Мешовитата економска комисија Турција-Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е постигнат договор за работен план за разноликување (диверзификација) на трговијата надвор од нафтата и зголемување на обемот на трговијата помеѓу двете земји.

Државниот министер за надворешна трговија на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Сани ес-Зујуди, привлекувајќи внимание на стратешката позиција на двете земји, укажа на тоа дека освен тоа што Обединетите Арапски Емирати можат да одиграт мост од аспект на испораката на турските производи во земјите на Блискиот Исток, во Азија и во Африка, и Турција е значаен пазар за испорака на производите на Обединетите Арапски Емирати во Европа и во некои земји во Азија.

Зујуди привлече внимание на економските случувања и проектите во неговата земја при што ги повика турските фирми да ги искористат овие можности.

 



Слични вести