Министерот Донмез:Tестирањето во Резервоарот-1 во Туркали-2 продолжува со дневен проток од 650.000 кубни метри

Министерот Фатих Донмез: „На 28 јули 2021 г. успешно се завршени тестирањата во Разервоарот-2 и Резервоарот-3 во лежиштето Туркали-2. Тестирањето во Резервоарот-1 во лежиштето Туркали-2 продолжува со зголемување на дневниот проток од 650.000 кубни метри.“

1736461
Министерот Донмез:Tестирањето во Резервоарот-1 во Туркали-2 продолжува со дневен проток од 650.000 кубни метри

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез изјави дека тестирањето во Резервоарот-1 во лежиштето Туркали-2 во Црното Море продолжува со зголемување на дневниот проток од 650.000 кубни метри.

Министерот Донмез на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека на 28 јули успешно се завршени тестирањата во Резервоарот-2 и Резервоарот-3 во лежиштето Туркали-2.

Во објавата во врска со активностите за пронајдениот природен гас во Црното Море која министерот за  енергија и природни ресурси Фатих Донмез сподели и видео-снимка од 21 секунда се вели следното: „На 28 јули 2021 г. успешно се завршени тестирањата во Разервоарот-2 и Резервоарот-3 во лежиштето Туркали-2. Тестирањето во Резервоарот-1 во лежиштето Туркали-2 продолжува со зголемување на дневниот проток на 650.000 кубни метри. Нашата цел за гасот во Црното Море за 2023 година е јасна и отворена. Напредуваме чекор по чекор.“



Слични вести