Турција во првите 73 дена од сезоната продаде цитрусно овошје во износ од 152 милиони долари

Извозната сезона на цитрусно овошје која започна на 20 август обезбеди значаен прилив на девизи во економијата на нашата земја

1735108
Турција во првите 73 дена од сезоната продаде цитрусно овошје во износ од 152 милиони долари

Во првите 73 дена од сезоната за извоз на  цитрусно овошје е реализирана надворешна продажба во износ од 152 милиони долари.

Извозната сезона на цитрусно овошје која започна на 20 август обезбеди значаен прилив на девизи во економијата на нашата земја.

На тој начин до 31 октомври во првите 73 дена од сезоната е остварена надворешна продажба во износ од 152 милиони долари.

Најголемиот придонес во извозот во наведениот период го обезбеди лимонот.

Во наведениот период од 73 дена се продадени лимони во износ од 71 милион 58 илјади долари, мандарини од 61 милион 829 илјади долари, грејфурт 11 милиони 556 илјади долари ипортокали во износ од 7 милиони 454 илјади долари.

Земјите во кои е испратено најмногу цитрусно овошје за 73 дена се; Русија со 66 милиони 18 илјади долари, Ирак 21 милион 917 илјади долари, Украина 12 милиони 995 илјади долари, Романија 6 милиони 771 илјада долари и Бугарија со 4 милиони 698 илјади долари.

 

 



Слични вести