Министерот Донмез: Производството на електрична енергија од ветер на 10 ноември собори рекорд

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез информира дека производството на електрична енергија од ветер на 10 ноември собори рекорд со 181.049 мегават часа

1733321
Министерот Донмез: Производството на електрична енергија од ветер на 10 ноември собори рекорд

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека производството на електрична енергија од ветер на 10 ноември собори рекорд со 181.049 мегават часа.

Донмез вистакна дека уделот на ветерот во вкупното производство на електрична енергија на наведениот датум изнесуваше 20,1 отсто.

Велејќи дека производството на електрична енергија од ветер на 10 ноември со 181.049 мегават часа достигна до највисоко ниво на сите времиња, министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез рече: „Ветерот на Турција е зад нас, напредуваме кон нови цели.“



Слични вести