Мудис: Финансиската дисциплина во Турција ќе обезбеди продолжување на издржливоста на јавните финансии

Во извештајот на „Мудис“ се вели следното: „Финансиското сидро на Турција и силниот кредитен раст на Турција што ја поддржува економската активност ќе обезбеди да продолжи издржливоста на јавните финансии“

1732392
Мудис: Финансиската дисциплина во Турција ќе обезбеди продолжување на издржливоста на јавните финансии

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Мудис“ соопшти дека финансиската дисциплина во Турција ќе обезбеди продолжување на издржливоста на јавните финансии.

Во извештајот на „Мудис“ под наслов „Проспектива на пазарите во развој“ се истакнува дека Турција наредната година (2022) се очекува да оствари раст од околу 4,8 отсто.

Во извештајот се вели следното: „Финансиското сидро на Турција и силниот кредитен раст на Турција што ја поддржува економската активност ќе обезбеди да продолжи издржливоста на јавните финансии.“

Во извештајот  на меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Мудис“ се прави проценка и на евентуалното влијание на демографската перспектива на перформансите на банките на пазарите во развој, а воедно се наведува и следното: „Стареењето на работната сила ќе ја намали профитабилноста на банките во Источна Европа и Русија. Банките во Централна Азија и Турција пак, ќе ја искористат повеќе побарувачката за кредит од младото и растечко население.“



Слични вести