Турција во октомври достигна рекордно ниво во извозот на месечна основа во Италија

Извозот во Италија во октомври е зголемен за 24 отсто во однос на истиот период од претходната година и достигна 1 милијарда 26 милиони 126 илјади долари

1730617
Турција во октомври достигна рекордно ниво во извозот на месечна основа во Италија

 

 

 

Турција во октомври достигна рекордно ниво во извозот на месечна основа во Италија.

Според податоците на Собранието на турските извозници (ТИМ), извозот на Турција минатиот месец порасна за 19,2 отсто во однос на истиот период од 2020 година и достигна 19 милијарди 76 милиони 662 илјади долари.

Турскиот извоз во Италија во октомври достигна рекордно ниво на месечно ниво. Извозот во Италија во октомври е зголемен за 24 отсто во однос на истиот период од претходната година и достигна 1 милијарда 26 милиони 126 илјади долари.

Така, Италија е забележана како четврта земја во која Турција остварува најмногу извоз.

Автомобилската индустрија минатиот месец оствари најмногу извоз во Италија. Автомобилската индустрија во октомври во Италија оствари извоз од 236 милиони 122 илјади долари.

Првите 3 земји во кои во октомври беше остварен најмногу извоз се Германија со 1 милијарда 560 милиони 366 илјади долари, Велика Британија со 1 милијарда 179 милиони 141 илјада долари и Соединетите Американски Држави (САД) со 1 милијарда 150 милиони 18 илјади долари.



Слични вести