Истанбул за 9 месеци пречека 5 милиони 829 илјади 920 туристи и го собори минатогодишниот рекорд

Според податоците на градската дирекција за култура и туризам на Истанбул, бројот на странските туристи кои за 9 месеци оваа година го посетија Истанбул изнесува 5 милиони 829 илјади 920

1727513
Истанбул за 9 месеци пречека 5 милиони 829 илјади 920 туристи и го собори минатогодишниот рекорд

Истанбул за 9 месеци оваа година пречека 5 милиони 829 илјади 920 туристи со што го собори минатогодишниот рекорд.

Според податоците на градската дирекција за култура и туризам на Истанбул, бројот на странските туристи кои за 9 месеци оваа година го посетија Истанбул изнесува 5 милиони 829 илјади 920.

Во месец септември Истанбул го посетија 975 илјади 916 лица.

Бројот на туристите во септември во споредба со истиот месец минатата година оствари раст од 111 отсто.

Според објавените податоци, бројот на странските туристи во Истанбул секој месец од месец март досега оваа година во споредба со истиот период минатата година оствари раст.

На прво место меѓу странците кои дојдоа во Истанбул во месец октомври се наоѓаат Иранците.

Во септември во Истанбул дојдоа 105 илјади 958 ирански туристи кои сочинуваат 10,86 отсто од вкупниот број на посетители во наведениот месец.   

По Иран следат Русија со 81 илјади 615 туристи, Германија 79 илјади 384 туристи, Ирак 53 илјади 953 туристи, Франција 34 илјади 157 туристи, САД 33 илјади 198 туристи, Украина 30 илјади 212 туристи, Јордан 29 илјади 900 туристи, Кувајт 27 илјади 254 туристи, Узбекистан 26 илјади 299 туристи, Либија 23 илјади 928 туристи, Холандија со 21 илјади 278 туристи, Азербејџан 20 илјади 372 туристи, Либан 19 илјади 857 туристи, Мароко 17 илјади 844 туристи, Египет со 16 илјади 575 туристи, Велика Британија со 16 илјади 108 туристи, Казахстан 13 илјади 904 туристи, Шведска 12 илјади 330 туристи, Тунис со 11 илјади 111 туристи, Белгија 10 илјади 904 туристи, Шпанија 10 илјади 842 туристи, Сирија со 10 илјади 692 туристи, Италија 10 илјади 464 туристи и Швајцарија со 10 илјади 336 туристи.

Од туристите кои го посетија градот 8,36 отсто го сочинуваат Руси, 8,13 отсто Германци, 5,53 отсто Ирачани, 3,40 отсто Американци и 3,10 отсто Украинци.

Во наведениот период во Истанбул дојдоа туристи од 191 земја, по еден од Лаос и Фиџи и по двајца туристи од Тонга, Ватикан, Бутан, Бахамите, Свети Винсент и Гренадините го посетија Истанбул.

 

 



Слични вести