Анталија за 10 месеци пречека 8,6 милиони странски туристи

Според податоците на градската дирекција за култура и туризам на Анталија, бројот на странските туристи кои дојдоа во периодот од 1 јануари до 31 октомври во градот е регистриран како 8 милиони 615 илјади 626 туристи

1727747
Анталија за 10 месеци пречека 8,6 милиони странски туристи

Бројот на странските туристи кои ја посетуваат Анталија, која е меѓу најзначајните туристички дестинации во светот, по воздушен пат, надмина 8,6 милиони.

Според податоците на градската дирекција за култура и туризам, бројот на странските туристи кои дојдоа во периодот од 1 јануари до 31 октомври во градот е регистриран како 8 милиони 615 илјади 626 туристи.

Споредено со истиот период од претходната година бројот на туристи е зголемен за 163 отсто.

Во месец октомври пак, 1 милион 599 илјади 345 лица за одмор ја избраа Анталија.

Анталија која во октомври минатата година пречека 699 илјади 857 туристи, во октомври  оваа година фрли потпис на раст од 129 отсто.

 



Слични вести