Извозот на трпезни маслинки на Турција во сезоната 2020-2021 за прв пат надмина 150 милиони долари

Турција во сезоната 2020-2021 година од добиената реколта од 430.000 тони трпезни маслинки оствари извоз на 88.430 тони и заработи девизни приходи од 150 милиони 142 илјади долари

1727044
Извозот на трпезни маслинки на Турција во сезоната 2020-2021 за прв пат надмина 150 милиони долари

Турција во извозот на трпезни маслинки во сезоната 2020-2021 година за прв пат во својата историја надмина 150 милиони долари.

Според објавеното соопштение од Униите на извозниците од Егејската област, во сезоната 2019-2020 година од остварениот извоз на 84.430 тони трпезни маслинки се заработени девизни приходи во износ од 145,7 милиони долари.

Во сезоната 2020-2021 година пак, од добиената реколта од 430.000 тони трпезни маслинки е остварен извоз на 88.430 тони и се заработени девизни приходи од 150 милиони 142 илјади долари.

На првото место во извозот на црни маслинки со 33,5 милиони долари се наоѓа Германија, а по неја следуваат Ирак со 18,8 милиони долари и Романија со 17,7 милиони долари.

Во извозот и на зелени маслинки на прво место повторно се наоѓа Германија со 8,8 милиони долари, на второ место е Ирак со 7,1 милион долари и на трето место Соединетите Американски Држави (САД) со 3,7 милиони долари.



Слични вести