Џиновски луксузен крузер со своите 362 патници се укотви во пристаништето на Кушадаси

Патниците кои слегоа од џиновскиот крузер ги посетија античкиот град Ефес и куќата на Мајка Богородица по што беа и на шопинг во Кушадаси

1725257
Џиновски луксузен крузер со своите 362 патници се укотви во пристаништето на Кушадаси

Џиновскиот брод за крстарење крузер „Seven Seas Splendor“ кој пловеше под знамето на Маршаловите острови и кој се прикажува меѓу нејголемите и најлуксузни крузери на светот, се укотви во пристаништето на познатото туристичко одморалишпте Кушадаси.

Крузерот долг 224 метри на кој се наоѓаат сали за театар и кино, отворен и покриен базен, ресторани, купопродажен центар, сауна и сл. пристигна во пристаништето на Кушадаси Еге Порт со своите 362 патници од кои повеќето беа Американци, а кои потоа беа и на шопинг во Кушадаси.

Патниците кои слегоа од џиновскиот крузер ги посетија античкиот град Ефес и куќата на Мајка Богородица во населеното место Селчук кај Измир.

Крузерот утре ќе отплови за Истанбул кадешто по замената на некои свои патници на 30 октовмри ќе се врати назад во пристаништетот на Кушадаси.

 



Слични вести