Стандард енд Пурс: Турската економија оваа година се очекува да оствари раст од 8,6 отсто

„Стандард енд Пурс“ во објавеното соопштение привлече внимание дека пазарите на Турција се опоравија брзо во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и истакна дека економијата на земјата оваа година продолжува да расте

1723834
Стандард енд Пурс: Турската економија оваа година се очекува да оствари раст од 8,6 отсто

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард енд Пурс“ (Standard & Poor’s „S&P“) соопшти дека турската економија оваа година се очекува да оствари раст од 8,6 отсто.

„Стандард енд Пурс“ во објавеното соопштение привлече внимание дека пазарите на Турција се опоравија брзо во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и истакна дека економијата на земјата оваа година продолжува да расте. 

Во соопштението се привлекува внимание на силното закрепнување во извозот и на економските активности во земјата.

Се појаснува дека со тоа што овие активности остануваат отпорни на епидемијата годинава се очекува раст на економијата од 8,6 отсто.

Во соопштението на меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард енд Пурс“ (Standard & Poor’s „S&P“) се истакнува дека се намалени директните ризици коишто епидемијата на „Ковид-19“ ги создава за економијата на Турција, а воедно се додава дека кога ќе се направи споредба со голем број други економии на пазарите во подем финансиската позиција на Турција останува силна и продолжува да ги поддржува кредитните оценки на земјата.

 



Слични вести