Турција за 9 месеци од извозот на цитрусно овошје заработи 427 милиони 029 илјади долари

Турција за 9 месеци, во периодот јануари-септември оваа година од извозот на 840.216 тони цитрусно овошје заработи приходи во износ од 427 милиони 029 илјади долари

1723602
Турција за 9 месеци од извозот на цитрусно овошје заработи 427 милиони 029 илјади долари

Извозот на цитрусно овошје на Турција за 9 месеци оваа година во споредба со истиот период претходната година со раст од 14 отсто се зголеми на 427 милиони 029 илјади долари.

Според сумираните податоци од Униите на извозниците на средоземноморската област (АКИБ), извозот на цитрусно овошје кој минатата (2020) година во периодот јануари-септември изнесуваше 727.601 тон во истиот период од оваа година со остварен раст од 15 отсто се искачи на 840.216 тони.

Секторот минатата година за 9 месеци оствари надворешна продажба од 373 милиони 678 илјади долари, додека оваа година во периодот јануари-септември (за 9 месеци) со раст од 14 отсто достигна до 427 милиони 029 илјади долари.

Најмногу извезуван производ од страна на секторот во периодот јануари-септември е лимонот во чиј извоз во наведениот период со раст од 48 оттсто се заработени 184 милиони 030 илјади долари.

По лимонот следуваат мандарините со 146 милиони 775 илјади долари, грејфуртот со 51 милион 257 илјади долари и портокалите со 44 милиони 798 илјади долари.

Земји во кои во наведениот период е остварен најголем извоз на цитрусно овошје од Турција се Русија со 150 милиони 456 илјади долари, Ирак со 71 милион 959 илјади долари и Украина со 32 милиони 438 илјади долари.

Сирија пак, стана земја во која е постигнат најголем раст во извозот во периодот јануари-септември во споредба со истиот период минатата година.

Во овој период со раст од дури 528 отсто во споредба со истиот период минатата година во Сирија е остварена надворешна продажба во износ од 6 милиони 056 илјади долари.

 



Слични вести