Во познатото туристичко одморалиште Кушадаси пристигнаа два крузери со 570 туристи

Еден дел од патниците кои слегоа од бродовите за крстарење крузери „Viking Sky“ кој пловеше под знамето на Норвешка и „Star Legend“ под знамето на Бахамските острови, ги посетија античкиот град Ефес, куќата на Мајка Богородица и селото Ширинџе

1722282
Во познатото туристичко одморалиште Кушадаси пристигнаа  два крузери со 570 туристи

Во познатото туристичко одморалиште, населеното место Кушадаси кај градот Ајдин, едниот од значајните центри на туризмот со два брода за крстарење крузери од кои еден со норвешко, а еден со бахамско знаме, пристигнаа вкупно 4.230 патници.

Еден дел од патниците кои слегоа од бродовите за крстарење крузери „Viking Sky“ кој пловеше под знамето на Норвешка и „Star Legend“ под знамето на Бахамските острови, ги посетија античкиот град Ефес, куќата на Мајка Богородица и селото Ширинџе.

Освен тоа туристите беа на шопинг во чаршиите на Кушадаси.

Регионалниот директор на „Global Ports Holding“ за Источниот Медитеран и генерален директор за стопанисување со пристаништето Еге Порт во Кушадаси Азиз Ѓунѓор истакна дека следната 2022 година со бродови за крстарење крузери во Кушадаси ќе дојдат 900 илјади туристи и дека наредната година ќе помине многу подобро.



Слични вести