Извозот на лубеници на Турција за 9 месеци оваа година надмина 21 милион долари

Според добиени информации од Униите на извозниците од егејската област, извозот на лубеници на Турција во периодот јаунари-септември оваа година, во споредба со истиот период претходната година со раст од 6 отсто надмина 21 милиони долари

1720554
Извозот на лубеници на Турција за 9 месеци оваа година надмина 21 милион долари

Извозот на лубеници на Турција во периодот јаунари-септември оваа година, во споредба со истиот период претходната година со раст од 6 отсто надмина 21 милиони долари.

Според добиени информации од Униите на извозниците од егејската област, Турција која во периодот јануари-септември минатата година оствари извоз на лубеници во износ од 19 милиони 900 илјади долари, истиот период оваа година надворешната продажба на лубеници со раст од 6 отсто ја зголеми на 21 милион 166 илјади долари.

Најмногу лубеници во наведениот период и беа продадени на Русија во износ од 4 милиони 400 илјади долари.

Потоа редум следуваат Полска со 2 милиони 400 илјади долари и Босна и Херцеговина со 2 милиони долари.

 



Слични вести