Извозот на црноморски лосос на Турција за 9 месеци се зголеми на 109 милиони долари

Според сумираните податоци од Униите на извозниците на егејската област, извозот на црноморски лосос на Турција за 9 месеци оваа година со раст од 264 отсто се зголеми на 109 милиони долари

1720171
Извозот на црноморски лосос на Турција за 9 месеци се зголеми на 109 милиони долари

Извозот на црноморски лосос на Турција во периодот јануари-септември оваа година, за 9 месеци, во споредба со истиот период претходната година со раст од 264 отсто се зголеми на 109 милиони долари.

Според сумираните податоци од Униите на извозниците на егејската област, извозот на морска храна на Турција во периодот јануари-септември 2020 година изнесуваше 704 милиони 301 илјада долари. 

Во истиот период оваа година пак, извозот со раст од 37 отсто достигна до 989 милиони 748 илјади долари.

На прво место во извозот на морска храна од Турција се наоѓа извозот на морски бас со 340 милиони долари.

Извозот на морска платика изнесува 279 милиони долари, а извозот на пастрмка 113 милиони долари.

Претседателот на Секторот за морска храна и животински производи на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) Синан Кизилтан го рече следното: „Производ за којшто постои најголема побарувачка е турскиот лосос. Во 2020 година остваривме извоз на турски лосос во износ од 56,8 милиони долари. Растот продолжува и оваа година. Овде нашиот најголем пазар е Русија. освен тоа додаваме и нови земји. почнавме да испраќаме турски лосос и во Далечниот исток.“

Кизилтан истакна дека за турскиот сомон постои интензивна побарувачка и на внатрешниот пазар и дека благодарение на тоа е намален увозот и на норвешки лосос.

 



Слични вести