Турција најголем извоз на маслинки и маслиновои масло во септември оствари во Шпанија

Земја во која секторот на маслинки и маслиново масло на Турција го оствари најголемиот извоз стана Шопанија во која во наведениот период е реализиран извоз во износ од 4 милиони 670 илјади долари

1718533
Турција најголем извоз на маслинки и маслиновои масло во септември оствари во Шпанија

Секторот на маслинки и маслиново масло на Турција најголемиот извоз го оствари во Шпанија.

Според податоците на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), извозот на маслинки и маслиново масло на Турција во месец септември оваа година, во споредба со истиот месец претходната година со раст од 57,4 отсто се зголеми на 30 милиони 030 илјади долари. 

На тој начин секторот привлече внимание како сектор со остварен најголем раст во извозот во земјоделската група.

Земја во која секторот на маслинки и маслиново масло на Турција го оствари најголемиот извоз стана Шопанија во која во наведениот период е реализиран извоз во износ од 4 милиони 670 илјади долари.

По Шпанија редум следуваат Соединетите Американски Држави (САД) со извоз од 3 милиони 794 илјади долари, Германија со 3 милиони 724 илјади долари, Ирак 3 милиони 107 илјади долари, Романија 1 милион 714 илјади долари, Јапонија 1 милион 452 илјади долари, Саудиска Арабија 1 милион 230 илјади долари, Брегот на Слоновата Коска со 1 милион долари, Бугарија 649 илјади долари и Израел со 527 илјади долари.

 



Слични вести