Раст на индексот на индустриското производство на Турција во август 2021 година

Индексот на индустриското производство на Турција во август 2021 година на месечна база оствари раст од 5,4 отсто, а на годишна база раст од 13,8 отсто

1718444
Раст на индексот на индустриското производство на Турција во август 2021 година

Индексот на индустриското производство на Турција во август 2021 година на месечна база оствари раст од 5,4 отсто, а на годишна база раст од 13,8 отсто.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти резултатите на индексот на индустриското производство  во врска со месец август оваа година.

Според тоа, сезонски и календарски прилагоденото индустриско производство во месец август, во споредба со истиот месец предходната година на месечна база се зголеми за 5,4 отсто, а на годишна база за 13,8 отсто

Кога ќе се анализираат подсекторите во индустријата, индексот во секторите на рударството и каменоломството во август во споредба со истиот месец предходната година забележа раст од 9,4 отсто, во секторот на производствената индустрија раст од 14,2 отсто, а во секторите на електричната енергија, гасот, пареата и производството и дистрибуцијата на климатизација раст од 9,4 отсто.

Индекот во секторот на рударството и каменоломството во месец август, во споредба со претходниот месец (јули) се намали за 1,7 отсто,  во секоторот на производствената индустрија се зголеми за 6,3 отсто, а во секторите на електричната енергија, гасот, пареата и производството и дистрибуцијата на климатизација се намали за 0,2 отсто.



Слични вести