Намалување на цените за летовите на „Туркиш Ерлајнс“ за Источна Европа и Балканските земји

Турските граѓани за дестинации на Балканот како Скопје, Букурешт, Констанца и Приштина ќе летаат по цена од 109 долари, за Софија, Варна, Кишињев, Клуж, Загреб, Љубљана, Дубровник и Сараево од 119 долари, за Белград 129 долари и Подгорица од 139 долари

1718359
Намалување на цените за летовите на „Туркиш Ерлајнс“ за Источна Европа и Балканските земји

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) на граѓаните на Република Турција им нуди можност за патување по поволни цени за голем број дестинации, вклучувајќи ги и градовите во Источна Европа и Балканските земји во кои може да се патува без виза или пасош.

Според објавеното соопштение од консултантството за печат на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс), патниците на Туркиш Ерлајнс кои сакаат да ја искористат оваа кампања за летање со ниски цени што важи за органичен број седишта со авионските билети коишто ќе ги купат во периодот 11-21 октомври 2021 година ќе можат да летаат во периодот од 1 ноември 2021 до 27 април 2022 година за дестинации на Балканот како Скопје, Букурешт, Констанца и Приштина по цена од 109 долари, за Софија, Варна, Кишињев, Клуж, Загреб, Љубљана, Дубровник и Сараево од 119 долари, за Белград 129 долари и Подгорица по цена од 139 долари, во Кавказ за дестинации како Тбилиси по цена од 129 долари, Батум 119 долари и во Украина за Каркив, Лвов и Запорожија по цена од 129 долари, Миколаив 139 долари, Киев 159 долари и Одеса по цена од 169 долари.

Турските граѓани можат да патуваат без виза за Скопје, Белград, Подгорица, Приштина и Сараево на Балканот, а за Украина и Молдавија без пасош само со лична карта.

Соопштените попусти во цените во рамките на кампањата ќе важи за авионските билети што ќе бидат купени преку интернет страницата на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс). 

Цените ќе можат да покажуваат разлики во туристичките агенции за продажба на авионски билети.



Слични вести