Турција за 9 месеци во 2021 година од извозот на чај заработи 13,2 милиони долари

Турција во периодот од 9 месеци (јануари-септември) од оваа година оствари извоз на 3.247 тони чај во 115 земји низ светот и од овој извоз заработени приходи во вкупен износ од 13 милиони 212 илјади долари

1717847
Турција за 9 месеци во 2021 година од извозот на чај заработи 13,2 милиони долари

Турција од остварениот извоз на чај во 115 земји низ светот во периодот јануари-септември, за 9 месеци, од оваа година заработи приходи во вкупен износ од 13 милиони 212 илјади долари.

Заменик претседателот на Унијата на извозниците од Источноцрноморската област (ДКИБ) Ахмет Хамди Ѓурдоган во објавеното писмено соопштение истакна дека во периодот од 9 месеци годинава е остварен извоз на 3.247 тони чај и од овој извоз се заработени 13 милиони 212 илјади долари.

Ѓурдоган информира дека најголема надворешна продажба на чај е остварена во земји како што се Белгија, Германија, Соединетите Американски Држави (САД), Холандија и Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Ахмет Хамди Ѓурдоган привлече внимание дека значаен развој претставува тоа што бројот на земјите во кои е остварен извоз на чај од Турција достигна до 115.



Слични вести