Туркиш Ерлајнс втора авиокомпанија по бројот на дневни летови во Европа

Според извештајот на ЕУРОКОНТРОЛ, Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со дневно остварени по просечно 797 летови ја продолжи лидерската позиција во Европа и во неделата 29 март-4 април

1717764
Туркиш Ерлајнс втора авиокомпанија по бројот на дневни летови во Европа

Турската Авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со дневно остварени по 1.185 летови стана втора компанија со најголем број летови во Европа.

Според извештајот на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) за сообраќајот на летови во неделата 04-10 октомври, во оваа недела во Европа се остварени вкупно 162.853 летови.

Со укинувањето во голема мера на ограничувањата во рамките на превентивните мерки против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ирската авиокомпанија „Рајанер“ со дневно остварени по 2.316 летови стана авиокомпанија со најголем број летови во Европа, а на второто место е Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со 1.185 летови.

На третото место е „Изи џет“ со дневно 1.023 летови.

Една друга турска авиокомпанија „Пегасус“ пак, се наоѓа на десетото место со дневно по 454 летови.



Слични вести