Прв претседател Турчин на Управнот одбор на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА)

Генералниот директор на Авиокомпанијата „Пегасус“ Мехмет Т. Нане е избран за нов претседател на Управниот одбор на  Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) со што стана првиот Турчин кој е избран за оваа висока должност

1715542
Прв претседател Турчин на Управнот одбор на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА)

Прв претседател Турчин на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА).

Генералниот директор на Авиокомпанијата „Пегасус“ Мехмет Т. Нане е избран за нов претседател на Управниот одбор на  Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) со што стана првиот Турчин кој е избран на оваа висока должност.

Мехмет Т. Нане ќе стапи на должност во јуни 2022 година.

Според објавеното соопштение од компанијата, генералниот директор на Авиокомпанијата „Пегасус“ Мехмет Т. Нане на годишниот состанок на 77. Генерално собрание на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) е избран за нов претседател на Управниот одбор на ИАТА и ќе стапи на должност во јуни 2022 година.

Мехмет Т. Нане е првиот претседател Турчин на Управниот одбор на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) кој по претседателскиот мандат на сегашниот претседател Робин Хајес ќе ја преземе должноста од него на 78. Генерално собрание што ќе се одржи од 19 до 21 јуни 2022 година во кинескиот град Шангај.

Нане, оваа должност ќе ја извршува во јуни 2023 година.

Инаку, во Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) членуваат 290 авиокомпании од 120 земји во светот и таа е претставник на 82 отсто од вкупниот воздушен сообраќај.



Слични вести