Извозот на Турција во САД и Шпанија во септември достигна до историски врв на месечна база

Од Турција во месец септември е остварен извоз во САД во износ од 1 милијарда 251 милион 955 илјади долари, а во Шпанија во износ од 920 милиони долари

1715887
Извозот на Турција во САД и Шпанија во септември достигна до историски врв на месечна база

Извозот на Турција во Соединетите Американски Држави (САД) и Шпанија во месец септември достигна до историски врв на месечна база.

Во САД во септември е остварен извоз во износ од 1 милијарда 251 милион 955 илјади долари, а во Шпанија од 920 милиони долари. 

Според сумираните податоци на Собранието на турските извозници (ТИМ), извозот на Турција минатиот месец (септември) оваа (2021) година во споредба со истиот месец минатата (2020) година со раст од 30 отсто е зголемен на 20 милијарди 783 милиони 227 илјади долари.

Извозот на Турција во САД во месец септември во споредба со истиот месец минатата година оствари раст од 45,6 отсто, додека извозот во Шпанија раст од 39,3 отсто.

Освен тоа, САД и Шпанија се меѓу првите пет земји во кои Турција оствари најголем извоз во месец септември. 

Првите пет земји во кои Турција реализира најголем извоз во септември редум се Германија, САД, Обединетото Кралство, Италија и Шпанија.

Турција во Германија оствари извоз од 1 милијарда 555 милиони 048 илјади долари, во Обединетото Кралство 1 милијарда 234 милиони 062 илјади долари и во Италија извоз од 953 милиони 062 милиони долари.

Најголемиот извоз од Турција во САД во минатиот месец (септември) е остварен во секторот на челик, а во Шпанија во секторот на готова облека и конфекција.

 



Слични вести