Аеродромот во Истанбул стана втор аеродром со најмногу летови во Европа

Според податоците на ЕУРОКОНТРОЛ, во периодот од 27 септември до 3 октомври, аеродромот во Амстердам со 1.644 летови дневно, стана првиот во Европа

1714838
Аеродромот во Истанбул стана втор аеродром со најмногу летови во Европа

 

Аеродромот во Истанбул, со просек од 986 летови дневно, стана втор аеродром со најмногу летови во Европа.

Според податоците за воздушниот сообраќај на Европската организација за безбедност во воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ), како резултат на укинувањето на ограничувањата на мерките во рамките на новиот тип мерките за епидемија на коронавирус (Ковид-19), кои беа укинати во голема мера, во периодот од 27 септември до 3 октомври, аеродромот во Амстердам со 1.644 летови дневно, стана првиот во Европа.

По аеродромот во Амстердам, со 986 ​​дневни летови следеше аеродромот во Истанбул.

Аеродромот во Франкфурт се најде на 3-то место со 938 летови, аеродромот во Париз, Шарл де Гол на 4-то место со 844 летови, а аеродромот во Анталија на 7-мо место со 699 летови.

Во истиот период, авиокомпаниите низ Европа остварија просечно 13 илјади 70 летови дневно во последната недела, додека бројот на неделни летови беше 165 илјади 86.

Во последната недела, беа достигнати 72 отсто од сообраќајот на авиокомпаниите во 2019 година.

„Рајанер“со 2.328 дневни летови беше забележана како авиокомпанија со најмног летови во Европа.

Туркиш ерлајнс се рангираше на 2 место со 1.212 дневни летови, Изиџет на трето место со 1.049 летови, а Пегасус ерлајнс на 9 место со 458 летови.



Слични вести