Рекорден извоз во земјоделскиот сектор

Турскиот земјоделски извоз во септември во споредба со истиот период минатата година се зголеми за 23,8 отсто

1714514
Рекорден извоз во земјоделскиот сектор

Турскиот земјоделски сектор оствари најголем месечен извоз на сите времиња. Минато месечниот извоз на секторот во странство надмина 2,7 милијарди долари.

Според податоците на Турското собрание на извозници (ТИМ), турскиот земјоделски извоз во септември во споредба со истиот период минатата година се зголеми за 23,8 отсто и достигна 2 милијарди 744 милиони 31 илјади долари. Така, земјоделскиот сектор на месечно ниво оствари најголема извозна продажба на сите времиња. Минатиот месец, турскиот земјоделски извоз изнесуваше 13,2 отсто од вкупниот извоз.

Житариците и житните култури, зрнестиот зеленчук, маслодајните семиња и производите со 847 милиони 634 илјади долари минатиот месец остварија најголем извоз меѓу секторите поврзани со земјоделството.

Земјоделскиот сектор, минатиот месец најголем извоз оствари во Ирак. Секторот во Ирак оствари надворешна продажба од 359 милиони 437 илјади долари.

Земјоделски сектор, во Германија оствари извоз од 192 милиони 453 илјади долари, во Соединетите Американски Држави (САД) извоз од 145 милиони 645 илјади долари, во Русија извоз од 102 милиони 449 илјади долари, во Холандија извоз од 70 милиони 938 илјади долари, во Шпанија од 35 милиони 276 илјади долари.



Слични вести