Извозот на Турција во август 2021 се зголеми на 18 милијарди 916 милиони долари

Извозот на Турција во месец август 2021 година, во споредба со истиот месец минатата (2020) година со раст од  51,9 отсто достигна до 18 милијарди 916 милиони долари

1713074
Извозот на Турција во август 2021 се зголеми на 18 милијарди 916 милиони долари

Извозот на Турција во месец август оваа (2021) година во споредба со истиот месец минатата (2020) година со раст од  51,9 отсто се зголеми на 18 милијарди 916 милиони долари.

Соопштени се привремените статистички податоци во врска со надворешната трговија за месец август подготвени од страна на Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) и министерството за трговија.

Според тоа, извозот во месец август 2021 година, во споредба со истиот месец минатата (2020) година со раст од  51,9 отсто достигна до 18 милијарди 916 милиони долари.

На првото место во извозот во август се наоѓа Германија со 1 милијарда 575 милиони долари, а по неја редум следуваат Соединетите Американски Држави (САД) со 1 милијарда 313 милиони долари, Велика Британија 1 милијарда 194 милиони долари, Ирак 939 милиони долари и Шпанија со 839 милиони долари.

Остварениот извоз на Турција во првите 5 земји сочинува 31 отсто од вкупниот извоз.

 



Слични вести