Лагард: „Економскиот изглед на еврозоната е полн со неизвесности“

Посочувајќи дека брзо закрепнува економијата на Еврозоната, Лагард изјави дека до крајот на годината, тие ќе го достигнат нивото пред новиот тип на епидемија на коронавирус (Ковид-19)

1712619
Лагард: „Економскиот изглед на еврозоната е полн со неизвесности“

 

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард изјави дека економскиот изглед на еврозоната е полн со неизвесности.

Кристин Лагард зборуваше на Централниот банкарски форум на ЕЦБ во 2021 година, што се одржа преку видео -конференција.

Посочувајќи дека брзо закрепнува економијата на Еврозоната, Лагард изјави дека до крајот на годината, тие ќе го достигнат нивото пред новиот тип на епидемија на коронавирус (Ковид-19).

Нагласувајќи дека „неизвесностите“ што го загрозуваат растот се уште продолжуваат, Лагард потсети дека веќе неколку месеци има затнување во понудата и прекини во синџирот на понудата и снабдувањето.

Лагард рече дека застојот во понудата се во „нивниот радар“ и дека намалувањаta го забавија извозот на многу земји-членки на Еврозоната.

Потсетувајќи дека Еврозоната е во позиција на увоз на енергија, Лагард објасни дека зголемувањето на цените на енергијата се должи на зголемувањето на цените на природниот гас, електричната енергија и нафтата.



Слични вести