Во Истанбул за 8 месеци во 2021 година дојдоа 4,8 милиони странски туристи

Бројот на туристите кои дојдоа во Истанбул за 8 месеци (јануари-август) оваа година во споредба со истиот месец минатата (2020) година се зголеми за 129 отсто и изнесува вкупно 4 милиони 854 илјади 004

1711535
Во Истанбул за 8 месеци во 2021 година дојдоа 4,8 милиони странски туристи

Бројот на странските туристи кои го посетија Истанбул за 8 месеци (јануари-август) оваа година изнесува 4 милиони 854 илјади 004.

Во месец август пак, Истанбул го посетија 1 милион 002 илјади 722 лица.

Бројот на туристите во август годинава во споредба со истиот месец минатата (2020) година се зголеми за 129 отсто.

Меѓу странците кои дојдоа во Истанбул во август, на прво место се наоѓаат Германците со 117 илјади 522 туристи. Германците сочинуваа 11,72 отсто од вкупниот број посетители во Истанбул.

По Германија редум следуваат Иран со 88 илјади 063 туристи,Русија со 60 илјади 068, Франција 55 илјади 461, Ирак 49 илјади 172, Соединетите Американски Држави (САД) 39 илјади 522, Кувајт 35 илјади 694, Холандија 31 илјада 805, потоа Јордан со 31 илјади 359 туристи, Украина 29 илјади 538, Узбекистан 28 илјади 511 туристи, Азербејџан 22 илјади 457, Либија со 21 илјади 667 туристи, Австрија 15 илјади 551 и Мароко со 13 илјади 799 туристи.

8,78 отсто од туристите кои дојдоа во градот беа Иранци, 5,99 отсто Руси, 5,53 отсто Французи, 4,90 отсто Ирачани, 3,94 отсто Американци и 3,56 отсто Кувајчани.

Во наведениот период од 8 месеци (јануари-август) во Истанбул дојдоа туристи од 190 земји во светот.



Слични вести