„Стандард енд Пурс“ прогнозата за економски раст на Турција за 2021 од 6,1 ја покачи на 8,6 отсто

Во извештајот на „Стандард енд Пурс“ (S&P) прогнозата за економски раст на Турција за 2021 од 6,1 отсто е покачена на 8,6 отсто

1711662
„Стандард енд Пурс“ прогнозата за економски раст на Турција за 2021 од 6,1 ја покачи на 8,6 отсто

Меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Стандард енд Пурс“ (Standard & Poor’s „S&P“) прогнозата за економски раст на Турција за 2021 од 6,1 отсто ја покачи на 8,6 отсто.

Во извештајот објавен од страна на „Стандард енд Пурс“ (S&P) „Четвртиот квартал на 2021 година за регионот на Европа, Блиски исток и Африка (ЕМЕА)“ се објаснува дека економиите во развој во регионот покажуваат перформанс на посилен економски раст од она што се претпоставува.

Според извештајот, податоците за економска активност во Турција се посилни од претходно прогнозираните. Прогнозата за економски раст на Турција за 2021 година од 6,1 отсто 1 покачена на 8,6 отсто.

Во извештајот на „Стандард енд Пурс“ (S&P) е алудирано на тоа дека секторот на меѓународниот туризам во летните месеци се опорави релативно брзо. 

Освен тоа во извештајот е доставена информацијата дека прогнозата за раст на Полска за 2021 од 4,5 отсто е покачена на 5,1 отсто, на Русија од 3,7 отсто на 4 отсто и на Јужна Африка од 4,2 отсто е покачена на 4,6 отсто.

 



Слични вести