Истанбулскиот Аеродром стана најпрометен аеродром во Европа

Според осуммесечните податоци објавени од страна на Претпријатието за стопанисување со државни аеродроми (ДХМИ), на Истанбулскиот Аеродром се реализирани вкупно 163.635 летови од кои 47.538 на домашни и 116.097 на меѓународни линии

1710931
Истанбулскиот Аеродром стана најпрометен аеродром во Европа

Истанбулскиот Аеродром (​İstanbul Grand Airport) „İGA“ стана најпрометниот аеродром во Европа.

Според осуммесечните податоци објавени од страна на Дирекцијата за стопанисување со државни аеродроми (ДХМИ), на Истанбулскиот Аеродром се реализирани вкупно 163.635 летови од кои 47.538 на домашни и 116.097 на меѓународни линии.

Во овој период аеродромот го користеа вкупно 20 милиони 972 илјади 497 патници од кои 6 милиони 291 илјада 783 на домашни летови и 14 милиони 680 илјади 714 патници на меѓународни линии.

На четврто место на списокот се наоѓа аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул кој го користеа 11 милиони 825 илјади 342 патници, а на десето место е Аеродромот во Анталија со 8 милиони 113 илјади 438 патници.

Авионскиот сообраќај на Аеродромот Ататурк во Истанбул изнесува 26.811 авиони, додека вкупниот број на авиони коишто ги користеа двата аеродроми во овој период изнесува 190.446.

 



Слични вести