Извозот на мешункасти производи на Турција за 8 месеци оствари раст од 21,7 отсто

Извозот на мешункасти производи на Турција во периодот јануари-август оваа (2021) година, за 8 месеци, со раст од 21,7 отсто достигна до 5 милијарди 579 милиони 520 илјади долари

1709833
Извозот на мешункасти производи на Турција за 8 месеци оствари раст од 21,7 отсто

Оваа (2021) година во периодот јануари-август, за 8 месеци, од Турција е остварена надворешна продажба на житарици, мешункасти производи, масни семиња и нивни производи во износ од 5 милијарди 579 милиони 520 илјади долари.

Претседателот на Советот на секторот на житарици, мешункасти производи, масни семиња и нивни производи на Собранието на извозниците на Турција Махсум Алтункаја во објавеното писмено соопштение истакна дека Турција стана значајна база за извоз за Блискиот исток. 

Укажувајќи дека Турција испраќа храна на голем број земји во светот, Алтункаја рече: „За 8 месеци во оваа година од Турција е остварен извоз на житарици, мешункасти производи, масни семиња и нивни производи во износ од 5 милијарди 579 милиони 520 илјади долари. Нашиот извоз во споредба со истиот период минатата година се зголеми за 21,7 отсто. На чело на производите во кои е остварен најголем извоз се растителните масти, бисквити-торти, пченично брашно, шеќер и шеќерни производи и макарони.“

Алтункаја истакна дека секторот во периодот јануари-август оствари извоз во 213 земји и слободни области, а воедно го рече следното: „нашите производи коишто се произведуваат на берикетните почви на Анадолија се извезени насекаде низ светот. најголемиот извоз е остварен во Блискиот исток, Африка, Америка и земјите на Европската унија (ЕУ).“



Слични вести