Светскиот економски форум 2022 ќе се одржи во Давос

Тема на претстојниот форум во Давос е „Работи заедно, обнова на довербата“

1707153
Светскиот економски форум 2022 ќе се одржи во Давос

 

Светскиот економски форум 2022 се планира да се одржи во Давос, Швајцарија.

Во соопштението што беше објавено од СЕФ, беше наведено дека на форумот кој се планира да се одржи од 17 до 21 јануари 2022 година во Давос и на кој ќе се соберат водечките светски лидери со тема „Работи заедно, обнова на довербата“

Во соопштението, беше истакнато дека на самитот, лидери од светот на бизнисот, владини и невладини организации ќе разговараат за глобалната економија и други прашања што се влошија поради епидемијата.

Форумот, познат и како „Самит во Давос“, кој беше најавен дека во 2021 година поради епидемијата на Ковид-19, ќе се одржи во Сингапур, двапати беше откажан поради тековната епидемија низ целиот свет.

СЕФ, од 25 до 29 јануари годинава, организираше онлајн средби под наслов „Агенда на Давос 2021 година“ со учество на повеќе од 1.500 деловни луѓе, политичари, академици и претставници на невладини организации од приближно 70 земји.

Самитот во Давос, од 1971 година секоја година во јануари се одржува во Давос.



Слични вести