Според Фич рејтингс, Турција во 2021 ја очекува зголемување на економскиот раст

„Фич рејтингс“ го објави септемврискиот број на својот Глобален извештај за економските изгледи.

1707147
Според Фич рејтингс, Турција во 2021 ја очекува зголемување на економскиот раст

 

„Голема е веројатноста Турција, во 2021 година да оствари највисока стапка на раст во последните 10 години ...“

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Фич рејтингс“ ги зголеми очекувањата за раст на Турција оваа година од 7,9 на 9,2 отсто.

„Фич рејтингс“ го објави септемврискиот број на својот Глобален извештај за економските изгледи.

Во извештајот, беше истакнато дека недостатокот на понуда влијае, на стапката на закрепнување и беше истакнато дека прогнозите за остварувањата на растот на американската и кинеската економија оваа година се намалени, додека прогнозите за раст за еврозоната, Турција, Полска, Мексико, Русија и Јужна Африка се зголемени..

Во извештајот, во кој се посочува дека продолжува економското закрепнување во Турција, беше истакнато дека највисокиот економски раст во последните 10 години може да се забележи со 9,2 отсто оваа година.

Податоците со висока фреквенција укажуваат дека економскиот импулс продолжил до втората половина на оваа година и беше објавено дека се предвидува дека економскиот раст во Турција откако во 2022 година ќе се намали на 3,5 отсто, во 2023 година ќе се зголеми на 4,5 отсто.



Слични вести