Извозот на циструсно овошје на Турција за 8 месеци се зголеми на речиси 392 милиони долари

Во периодот јануари-август оваа година Турција оствари извоз на 762.227 тони циструсно овошје и од тоа заработи приходи во износ од 391 милион 947 илјади долари

1706924
Извозот на циструсно овошје на Турција за 8 месеци се зголеми на речиси 392 милиони долари

Извозот на циструсно овошје на Турција во периодот јануари-август оваа (2021) година, во споредба со истиот период минатата (2020) година постигнувајќи раст од 15 отсто се зголеми на 391 милион 947 илјади долари.

Според сумираните податоци на Унијата на извозниците од средоземноморската област, извозот на циструсно овошје минатата година за 8 месеци изнесуваше 665.320 тони, додека оваа година во истиот осуммесечен период оствари раст од 15 отсто и достигна до 762.227 тони.

Кога ќе се анализираат податоците на надворешната продажба на база на земји, во периодот јануари-август оваа година за Русија, како земја од традиционалните пазари, е остварен извоз во висина од 139 милиони 303 илјади долари.

Во истиот период е испратено цитрусно овошје и за Ирак во износ од 63 милиони 07 илјади долари, Украина од 29 милиони 116 илјади долари, Романија 29 милиони 025 илјади долари и за Србија во износ од 18 милиони 983 илјади долари.



Слични вести