Турција од извозот на црноморски лосос за 8 месеци заработи 102,6 милиони долари

Турција за 8 месеци, во периодот јануари-август 2021 година е остварен извоз на 18.424 тони црноморски лосос од што се заработени девизни приходи во износ од 102 милиони 647 илјади 711 долари

1704007
Турција од извозот на црноморски лосос за 8 месеци заработи 102,6 милиони долари

Од Турција во периодот јануари-август 2021 година, за 8 месеци е остарен извоз на црноморски лосос во 20 земји во светот, а пред се во Русија, Виетнам и Јапонија. 

Според сумираните податоци на Унијата на извозниците од источноцрноморската област (ДКИБ), за 8 месеци од годината е остварен извоз на 18.242 тони црноморски лосос од што се заработени приходи во износ од 102 милиони 647 илјади 711 долари.

Извозот на црноморски лосос од кој минатата година за 8 месеци од 4.863 тони беа заработени девизни приходи во износ од 22 милиони 440 илјади 945 долари, оваа година во истиот осуммесечен период во количински база е остварен раст од 275 отсто, а во вредносна база раст од 357 отсто.

Во наведениот период (јануари-август 2021) на Русија за 84 милиони 573 илјади 477 долари и се продадени 14.008 тони црноморски лосос.

По Русија следуваат Виетнам со 8 милиони 858 илјади 875 долари и Јапонија со 3 милиони 136 илјади 795 долари.

Различно од осумте месеци (јануари-август) минатата година, оваа година за прв пат е остварен извоз на црноморски лосос и во земји како што се Ирак, Алжир, Данска, Јордан и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

 



Слични вести