Највисок извоз на Турција во земјоделството: За 8 месеци остварен извоз од 17,9 милијарди долари

Извозот на Турција во земјоделството за 8 месеци достигна до 17 милијарди 953 милиони долари што претставува највисок извоз во земјоделскиот сектор во историјата

1702453
Највисок извоз на Турција во земјоделството: За 8 месеци остварен извоз од 17,9 милијарди долари

Извозот на Турција во земјоделството во периодот јануари-август во споредба со истиот период минатата година со раст од 20,5 отсто достигна до 17 милијарди 953 милиони долари.

На тој начин во земјоделството е реализиран највисокиот осум месечен извоз во земјоделскиот сектор во историјата.

Најголемиот извоз во наведениот период со 5 милијарди 580 милиони долари е остварен во житариците, мешункастите производи, масните семиња и нивни производи.

Сектор којшто го зголеми најмногу својот извоз во овој период со 57,2 отсто се украсните растенија и нивни производи.

По овој сектор редум следуваат  морската храна и животинските производи со 36,5 осто; намештајот, хартијата и шумските производи со 26, 1 отсто; производите од овошје и зеленчук 22,9 отсто; житариците, мешункастите производи и нивни производи 21,2 отсто; свежото овошје и зеленчук 19,6 отсто; сувото овошје и негови производи 11,8 отсто и лешникот и негови производи, маслинките и маслиновото масло со 5,4 отсто.

 



Слични вести