Министерот Муш: Со извоз од 207,5 милијарди долари за 12 месеци постигнавме нов републички рекорд

Министерот за трговија Мехмет Муш истакна дека со остварен извоз од во висина од 207,5 милијарди долари за 12 месци постигнавме нов републички рекорд

1701412
Министерот Муш: Со извоз од 207,5 милијарди долари за 12 месеци постигнавме нов републички рекорд

Извозот на Турција во месец август оваа (2021) година во споредба со истиот месец минатата (2020) година со раст од 52 отсто достигна до 18,9 милијарди долари.

Министерот за трговија Мехмет Муш ги соопшти бројките на надворешната трговија за месец август во врска со што го истакна следното: „Извозот во август достигна до 18,9 милијарди долари и достигнавме до највисоката бројка во месец август. И во извозот од 12 месеци со 207,5 милијарди долари соборивме нов републички рекорд.“

Министерот Муш рече: „Извозот во периодот јануари-август во споредба со истиот период на 2020 година со раст од 37 отсто изнесува 140,2 милијарди долари. Имаме целосна верба дека извозот на крајот на годината ќе достигне до 210 милијарди долари. Со силниот тренд во извозот го престигнавме, оставивме зад нас, перформансот од пред новиот тип коронавирус (Ковид-19)."

 



Слични вести