Бројот на туристите кои допатуваа во Анталија достигна до 5 милиони 342 илјади

Валијата на Анталија Ерсин Јазиџи информира дека заклучно со 1 септември 2021 година бројот на туристите кои допатуваа во Анталија достигна до 5 милиони 342 илјади

1701659
Бројот на туристите кои допатуваа во Анталија достигна до 5 милиони 342 илјади

Бројот на туристите кои допатуваа во Анталија достигна до 5 милиони 342 илјади.

Валијата на Анталија Ерсин Јазиџи беше во обиколка и посета на терминалот за меѓународни линии-2 којшто е проширен на аеродромот во Анталија „Fraport TAV“.

Велејќи дека со продолжената туристичката сезона ги дочекуваат безбедно гостите и по одморот ги испраќаат во нивните земји, Јазиџи појасни дека особено е голем е бројот авионите и туристите кои доаѓаат во викендите, така да во саботите и неделите дневно пристигнуваат по 65 илјади до 70 илјади гости.

Валијата на Анталија Ерсин Јазиџи потсети дека со започнувањето на летовите од Руската Федерација на 22 јуни почна да расте бројот на туристите кои почнаа да доаѓаат на одмор, а воедно нагласи дека заклучно со 1 септември 2021 година бројот на туристите кои допатуваа во Анталија достигна до 5 милиони 342 илјади.

 



Слични вести