„Мудис“ прогнозата за раст на турската економија за 2021 година од 5 отсто ја зголеми на 6 отсто

„Мудис“ соопшти дека опоравувањето во туристичкиот сектор благодарение на глобалното економско опоравување коешто продолжува и напредувањето во вакцинацијата против Ковид-19, го поддржуваат растот во економијата на Турција

1700613
„Мудис“ прогнозата за раст на турската економија за 2021 година од 5 отсто ја зголеми на 6 отсто

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Мудис“ прогнозата за раст на турската економија за 2021 година од 5 отсто ја зголеми на 6 отсто.

„Мудис“ го објави својот извештај за месец август 2021 година „Глобален макро приказ 2021-2022“ во кој се привлекува внимание дека глобалното опоравување зајакнува, но дека создава ризик ширењето на Делта варијантата во пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во извештајот се укажува дека за поголемиот дел од економиите на земјите на Г-20 се очекува инфлационата стапка во 2021 година да остане на високо ниво, а во 2022 година да се намали. 

Се истакнува дека економиите на земјите на Г-20 кои минатата година се намалија за 3,2 отсто се претпоставува дека во 2021 година ќе остварат раст од 6,2 отсто, а во 2022 година раст од 4,5 отсто.

Во извештајот на „Мудис“ исто така стои дека турската економија се очекува во 2021 година да оствари раст од 6 отсто.

Инаку, оваа меѓународна агенција за кредитен рејтинг во својот извештај што го објави во месец мај прогнозираше дека турската економија во 2021 година ќе оствари раст од 5 отсто, додека во извештајот за месец август оваа бројка ја зголеми на 6 отсто.

Во извештајот воедно се укажува дека и очекувањето за раст на турската економија во врска со 2022 година од 3,5 отсто е зголемено на 3,6 отсто, при што се истакнува дека опоравувањето во туристичкиот сектор благодарение на глобалното економско опоравување коешто продолжува и напредувањето во вакцинацијата против Ковид-19, го поддржуваат растот во економијата на Турција.

 



Слични вести