Почна производството на цевките кои ќе се постават на дното на Црното Море

Продолжува одбројувањето за гасот во Црно Море

1684142
Почна производството на цевките кои ќе се постават на дното на Црното Море

 

Фатих Донмез, министерот за енергетика и природни ресурси рече дека започна производството на гасоводот долг 169 километри што во 2022 година треба да се постави во Црното Море.

Фатих Донмез на својот Твитер профил ја сподели следната објава:

„Продолжува одбројувањето за гасот во Црно Море. Започна првото производство на гасоводните цевки од 169 километри, кои летото 2022 година ќе ги поставиме на морското дно. Утврдени се патеките на гасоводот. Завршени се тестовите за корозија. Утврдени се техничките квалификации на бродовите што ќе го градат гасоводот“.

Турската нафтена корпорација (ТПАО), во рамките на истражувањата во ултра длабокото море во Црното Море, досега откри вкупно 540 милијарди кубни метри природен гас.

Проектот за развој на гасното поле Сакарија се состои од систем за производство на природен гас што треба да се воспостави под морето, фабрика за преработка што треба да се формира на брегот на Филиос и цевководи за поврзување на овие две единици.



Слични вести