Индексот на економска доверба во Турција на искачи на врвот во последните 38 месеци

Индексот на економска доверба во Турција во месец јули (2021) во споредба со минатиот месец (јуни) со раст од 11,1 отсто се искачи на врвот во последните 38 месеци

1683107
Индексот на економска доверба во Турција на искачи на врвот во последните 38 месеци

Индексот на економска доверба во Турција во месец јули 2021 година се искачи на 100,1 поени што преставува највисока бројка во последните 38 месеци.

Индексот на економска доверба во јули во споредба со минатиот месец (јуни) со раст од 11,1 отсто се искачи на врвот во последните 38 месеци.

Направената проценка во врска со општата економска состојба на потрошувачите и производителите, индексот на економска доверба како композитен индекс којшто ги резимира очекувањата и тенденциите за прв пат од месец јуни 2019 досега се искачи на над 100 поени што пак го покажува „оптимизмот во врска со општата економска состојба“.

Под влијание на настаните коишто се одразија негативно врз сите економии во светот како што се геополитичките случувања, шпекулативните атаци (напади) врз националната валута, трговската војна помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Кина, случувањата со Брегзит (излезот на Велика Британија од Европската унија) и пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), индексот на економска доверба од месец јуни 2019 година досега се движеше на нивото од 100 поени што претставува праг. 

Заедно со преминот кон нормализација пак, растот на туристичките приходи, соборувањето на рекорди во извозот и трендот по нагорна линија на податоците на производтсвената индустрија, го искачија нагоре и индексот на економска доверба во Турција.



Слични вести