Зголемен индексот на економска доверба

Зголемувањето на индексот на економска доверба произлезе од зголемувањето на индексите на доверба кај потрошувачите

1682147
Зголемен индексот на економска доверба

 

Индексот на економска доверба во јули се зголеми за 2,3 отсто и достигна 100,1.

Турскиот институт за статистика ги објави податоците за индексот на економска доверба за јули.

Според тоа, додека индексот во јуни беше 97,8 отсто, во јули се зголеми за 2,3 отсто и достигна 100,1. Зголемувањето на индексот на економска доверба произлезе од зголемувањето на индексите на доверба кај потрошувачите, реалниот сектор (преработувачка индустрија), услугите, трговијата на мало и градежниот сектор.

Индексот на доверба на реалниот сектор на месечно ниво во јули се зголеми за 2,1 отсто и достигна 112,1, индексот на доверба на услуги се зголеми за 5,8 отсто и изнесува 114,8, индексот на доверба на трговијата на мало се зголеми за 3,7 отсто и изнесува 109,6, индексот на доверба во градежниот сектор се зголеми за 4,7 отсто и достигна 86,3.



Слични вести