Продолжува трендот на раст во извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција

Заменик претседателот на Унијата на извозниците на свежо овошје и свеж зеленчук Улудаг Сених Јазган истакна дека продолжува трендот на раст во извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција

1679604
Продолжува трендот на раст во извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција

Продолжува трендот на раст во извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција.

Заменик претседателот на Унијата на извозниците на свежо овошје и свеж зеленчук Улудаг Сених Јазган истакна дека извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) минатата година доби голем интензитет.

Велејќи дека во правец на побарувачките коишто пристигнаа особено од европскиот пазар минатата (2020) година во споредба со претходната 2019 година е доживеат раст во извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција, Сених Јазган рече:„Извозот на свежо овошје и зеленчук во првата половина на 2020 година изнесуваше околу 1 милијарда 200 милиони долари, додека во истиот период на 2021 година со раст од 25 отсто гледаме дека достигна до околу 1 милијарда 500 милиони долари. Овој раст во извозот може да се прокоментира како показател дека секторот на свежо овошје и зеленчук доби голем тренд на раст.“

Велејќи дека Европа и Русија се најзначајните пазари во извозот на свежо овошје и зеленчук, Јазган истакна дека производи коишто се извезуваат најмногу се цитрусите, доматите, црешите, маслинките и производите од маслинки.

 



Слични вести