Извозот на мебел на Турција собори нов рекорд со 2 милијарди долари

Турскиот мебел се преферира поради дизајнот, квалитетот и поволната цена

1678750
Извозот на мебел на Турција собори нов рекорд со 2 милијарди долари

 

Извозот на мебел во Турција во првата половина од годинава во споредба со истиот период од 2020 година, се зголеми за 35 отсто и изнесува над 2 милијарди долари.

Според податоците на Здружението на извозници на мебел, хартија и шумски производи во Истанбул, Ирак, Германија, Соединетите Американски Држави (САД), Израел и Франција се земјите во кои беше остварен најголем извоз на мебел од Турција.

Меѓу најизвезуваните производи се наоѓаат детски креветчиња и колевки, детски мебел, трпезарија и дневна соба.

Турскиот мебел се преферира поради дизајнот, квалитетот и поволната цена.



Слични вести