Турција за 6 месеци оствари извоз на црвен лут пипер во износ од 4 милиони 730 илјади долари

Извозот на црвен лут пипер од Турција во периодот јануари-јуни за 6 месеци минатата година изнесуваше 3 милиони 236 илјади долари, додека оваа година во истиот период со раст од 46 отсто се зголеми на 4 милиони 730 илјади долари

1678277
Турција за 6 месеци оствари извоз на црвен лут пипер во износ од 4 милиони 730 илјади долари

За 6 месеци годинава од Турција е остварен извоз на толчен (дробен) црвен лут пипер во 96 земји во светот од што се заработени приходи во износ од  4 милиони 730 илјади долари.

Според сумираните податоци на Унијата на извозниците од Југоисточно-анадолската област (ГАИБ), минатата (2020) година од Турција е остварен извоз на толчен црвен лут пипер во 107 земји низ светот во износ од 7 милиони 637 илјади долари.

Извозот на црвен лут пипер во периодот јануари-јуни за 6 месеци минатата година изнесуваше 3 милиони 236 илјади долари, додека оваа година во истиот период со раст од 46 отсто се зголеми на 4 милиони 730 илјади долари.

Во првиот квартал на годината им е продаден 1.913 тони толчен црвен лут пипер на 96 ширум светот меѓу кои се наоѓаат Германија, Холандија, Англија, Ирак, САД, Франција, Русија, Обединетите Арапски Емирати, Нигерија, Куба, Парагвај, Либија, Канада, Оман, Јапонија, Јордан, Етиопија, Египет, Малта и Кенија.

На прво место во извозот на толчен црвен лут пипер од Турција се наоѓа Германија со 1 милион 236 илјади долари, а потоа редум следуваат Холандија со 869 илјади долари и Англија со 448 илјади долари.



Слични вести