Истанбулскиот Аеродром со дневно по 979 летови на врвот во Европа

Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) истакна дека според последните податоци бројот на летови на Истанбулскиот Аеродром просечно во период од 7 дена достигна до дневно од 979 летови и се искачи на врвот во Европа

1677940
Истанбулскиот Аеродром со дневно по 979 летови на врвот во Европа

Истанбулскиот Аеродром со реализирани просечно дневно по 979 летови стана аеродром со најголем број остварени летови во Европа.

Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) во својот извештај во врска со влијанието на новиот тип коронавирус (Ковид-19) над најдобрите аеродроми на Европа направи проценка на Истанбулскиот Аеродром.

Во направената проценка се истакнува дека, според последните податоци бројот на летови на Истанбулскиот Аеродром просечно во период од 7 дена достигна до дневно од 979 летови и се искачи на врвот во Европа.

Како што се истакнува воздушниот сообраќај на Истанбулскиот Аеродром во споредба со 2020 година оствари раст од 130 отсто.

Во регистрите е заведено дека Турската авиокомпанија (ТХЈ (Туркиш Ерлајсн) со дневно остварени по 808 летови е авикомпанија со реализирани најголем број летови од Истанбулскиот Аеродром.



Слични вести