Рекордна продажба на станови на странци во Турција во периодот јануари-јуни 2021 година

Во периодот јануари-јуни на странските државјани во Турција им се продадени 20.488 станови и оваа бројка е регистрирана како најголема бројка во наведениот период на сите времиња

1674421
Рекордна продажба на станови на странци во Турција во периодот јануари-јуни 2021 година

Бројот на продадените станови на странци во Турција во првата половина на оваа година, во споредба со истиот период минатата година со раст од 44 отсто се зголеми на 20.488 и оваа бројка е регистрирана како најголема бројка во периодот јануари-јуни на сите времиња.

Според сумираните информации од податоците на Институцијата за статистика на Турција, во јануари се регистрирани 2.675, во февруари 2.964, март 4.248, април 4.077, мај 1.776 и во јуни 4.748 продадени станови.

На тој начин продажбата на станови на странци во споредба со истиот период минатата година со остварен раст од 44 отсто достигна до 20.488. 

Оваа бројка во истиот период (јануари-јуни) минатата година беше на ниво од 14.262.

Во периодот јануари-јуни оваа година најголем број станови на странци им се продадени во Истанбул 10.108 станови, а потоа редум следуваат Анталија со 3.990 станови, Анкара 1.276, Мерсин 951 и Јалова со продадени 584 станови. 

Во наведениот период најголем број станови 3.070 им се продадени на ирански државјани.

По иранските државјани следуваат Ирачаните со 3.019 станови, Русите со 1.759, Авганистанците 1.277 и Германците со 726 станови.

 



Слични вести