Извозот на овошје и зеленчук на Турција во периодот јануари-јуни се зголеми на 936 милиони долари

Извозот на овошје, зеленчук и нивни производи на Турција во периодот јануари-јуни годинава во споредба со истиот период минатата година со раст од 20 отсто се зголеми на 936 милиони долари

1674055
Извозот на овошје и зеленчук на Турција во периодот јануари-јуни се зголеми на 936 милиони долари

Извозот на овошје, зеленчук нивни производи на Турција во периодот јануари-јуни минатата 2020 година е заведен во регистрите во висина од 777 милиони долари.

Со оствареното непрекинато производство во периодот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во истиот период јануари-јуни оваа (2021) година извозот со остварен раст од 20 отсто се зголеми на 936 милиони долари.

На чело на земјите во кои е остварен најголем извоз на овошје, зеленчук и нивни производи од Турција кои им се продадени на над 100 земји во светот, а пред се во Европа, се наоѓа Германија со 133 милиони долари.

На второ место пак, се искачија Соединетите Американски Држави (САД) во кои извозот на производи со раст од 23 отсто се зголеми на 114 милиони долари.

Остварениот извоз во наведениот период за Ирак пак, изнесува 83 милиони долари.



Слични вести