Автомобилот на Турција „ТОГГ“ уште еднаш зазеде широко место во германскиот печат

Германскиот јавен радиодифузен сервис „ЗДФ“ објави вест во која беше анализиран електричниот автомобил на Турција „ТОГГ“

1671057
Автомобилот на Турција „ТОГГ“ уште еднаш зазеде широко место во германскиот печат

Автомобилот на Турција „ТОГГ“ уште еднаш зазеде широко место во германскиот печат.

Германскиот јавен радиодифузен сервис „ЗДФ“ објави вест во која беше анализиран електричниот автомобил на Турција „ТОГГ“.

Во веста под наслов „Електричниот автомобил ТОГГ: Дали е во конкуренција со Тесла и Фолксваген?“ е ставена под лупа „Иницијаторската група за автомобил на Турција (ТОГГ или TOGG)“.

Во веста којашто беше објавена по дадената изјава од страна на високиот раководител (ЦИО) на ТОГГ Ѓурџан Каракаш за германските новинари се изнесува следниот коментар: „Турција, како автомобилска локација која буди надеж за во иднина, влегува во конкуренција.“ 

Во веста се изнесуваат на преден план зборовите на Ѓурџан Каракаш „Не правиме само автомобил. Правиме умен производ.“

Исто така се нагласува дека електричниот автомобил на Турција „ТОГГ“ ќе биде симнат од производствената лента на крајот на идната година (во 2022 година). 

 



Слични вести